Во организација на Советот на млади Крива Паланка во Европската куќа од градот се одржа работилница за техники на паметно и ефективно.
– Работилницата беше интерактивна, се реализира на иницијатива на Советот на млади при Општина Крива Паланка со помош на тимот од Европската куќа.
Темата на работилницата беше техники за паметно и ефективно учење „Don’t study hard, study smart“, а наменета е за средношколци- матуранти, на кои им претстои идно академско усовршување. Присутните имаа прилика да се стекнат со вештини и знаења за да го извлечат максимумот од својот труд и да постигнат повисоки резултати, изјави Филип Додевски од Советот на млади, Крива Паланка.
Обуката ја спроведоа стручни обучувачи: Илија Станковски од организацијата LEAD и Дијана Мицевска од „Младите можат – Youth can“.
– Овие две организации работат со млади како целна група, со фокус на нивниот активизам и образование. Ние како Совет на млади во претстојниот период планираме да спроведеме анкетирање на младите од нашата општина со цел да бидеме во тек со нивните интереси и потреби, а ќе се трудиме и за нивно застапување, дополнително Додевски.