Водечкото трио на табелата Вардар, Шкендија и Работнички забележаа победа на натпреварите од 23. коло во Првата лига.
Дерби дуелот одигран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, му припадна на Работнички кој со 2:0 го совлада Силекс.
„Романтичарите“ поведоа со голот на Горан Силјановски, кој во 59-та минута го искористи невниманието на гостинскиот голман Вујанац, односно неговата лоша проценка.
А, токму по акцијата на Силјановски во 66-та минута Суад Сахити ги постави конечните 2:0 за Работнички.
Лидерот Вардар забележа сигурна победа на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија која ја совлада со 5:0.
Победа на гости оствари и екипата на Шкендија која со 3:1 ја совлада штипска Брегалница.
Три бода освоија и фудбалерите на Ренова кои со 2:1 го победија Пелистер, а единствено дуелот Победа – Шкупи заврши без победник – 1:1.
Фото: Телеграф.мк