Германската партија „Зелени“ потврди дека берлинското обвинителство покренало истрага против раководството на оваа партијата, вклучувајќи го и вицеканцеларот и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за пандемијата минатата зима.
Станува збор за улогата на партиското раководство во одобрувањето на „корона бонус“ од 1.500 евра по лице за вработените во центрачното седиште на партијата и самите лидери, како компензација за непријатностите предизвикани од работењето од дома и од активностите при реновирање на зградата.
Во шестчлениот одбор се и Роберт Хабек, вицеканцелар и министер за економија и клима, како и Аналена Бербок, министерка за надворешни работи во новата влада на канцеларот Олаф Шолц. И двајцата ќе се повлечат од раководството на партијата подоцна, овој месец, бидејќи се на министерски функции.
Внатрешните партиски ревизори веќе поставиле прашања во врска со исплата на бонусите на управниот одбор, јави агенцијата ДПА.