Хрватскиот ракометен интернационалец Денис Тот, кој настапува за Бутел, се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје.
Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.
Според неофицијални информации, ракометарот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.
За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат, Борис Тот, кој игра во Холандија.
„Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случило“, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.
Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.
(Извор: МИА)