Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вечерва за Телевизија 24 изјави дека доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа
институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив.
„Сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систематизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора да се поздравиме соодветно затоа што никој директор кој си ја сака институцијата и работи совесно и чесно, не би сакал да има дамки во своето работење, беше децидна Лукаревска.
Прашана за одлуката на поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, кој одби да прими вработени по „Рамковен“ поради несоодветно образование, таа истакна дека тоа е негова лична одлука и оти тоа е за респект.
Ситуацијата во институцијата која ја водам, рече Лукаревска, е поинаква и ние имаме
недостиг на кадар.