Шампионот на Европа и актуелен светски клупски првак Реал Мадрид би можел да го продаде колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез во зимскиот преоден рок, после изјавата на фудбалерот дека е несреќен поради минутажата.
Како што наведуваат шпанските медиуми, раководството на Реал во наредните денови ќе ги разгледува следните чекори.
Родригез после победата над Кашима и освојувањето на клупското светско првенство во Јапонија, рече дека не е задоволен со минутажата и дека ќе ја размисли за својата иднина.
Неговите зборови го налутиле и капитенот Серхио Рамос, кој за шпанските медиуми изјави дека Родригез избрал погрешен ден да го искаже незадоволството.
„Не сум тој кој би требало да ја коментира неговата лична ситуација, но неделата беше ден за среќа и задоволство, а не за други, лични работи“, истакна капитенот.
Родригез кој во Реал дојде од Монако, а после одличните игри на Светското првенство во Бразил, постепено го губеше местото во составот на кралскиот клуб од доаѓањето на Зинедин Зидан на тренерското место во јануари.
Репрезентативецот на Колумбија, наводно, е на мета на Пари Сен Жермен, Интер и Арсенал.