Пол Погба е првата желба на тренерот Зинедин Зидан за засилување на средниот ред, но како што објави „Марка“, претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез веќе тргнал во акција за доведување на Кристијано Ериксен од Тотенхем.
Договорот на данскиот ас истекува во јуни 2020 година па ако лондондкиот премиерлигаш сака да заработи нешто мораат да го продадат во зимскиот преоден рок, што шпанскиот гигант сака тоа да го искористи.
(Фото: ЕПА)