Националниот координативен механизам за ХИВ/СИДА и туберкулоза, ХЕРА, „Заедно посилни“ и Платформата за одржливост на програмата за превенција, грижа и поддршка од ХИВ, по повод Светскиот ден за борба против сидата, денес и утре организираат Регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ.
На конференцијата ќе присуствуваат 50 претставници од осум земји во регионот.
Целта на состанокот е формирање на регионален координативен механизам кој ќе работи на одржливост на програмите за ХИВ во Југоисточна Европа.
Светската здравствена организација го прогласи 1 декември за Светски ден за борба против ХИВ/СИДА.