Детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски“, спроти хотел „Карпош“ е целосно реконструирано.
Старите и дотраени реквизити се заменети со нови лулашки, тобогани и клацкалки. Службите на локалната самоуправа го обновија и детското игралиште во Карпош 4, спроти слаткарницата „Палма“, информира Општина Карпош.
За обнова на овие две игралишта, Општина Карпош информира дека се инвестирани околу 530.000 денари. Во моментов работат на одржување на урбаната опрема и на санација на детските зони во Влае 1 на улица „Франце Першерн“, во Нерези на улица „Козле“, а продолжуваат и со обнова на игралиштето на улица „Пелистерска“, во Карпош 3.
Од Општина Карпош велат дека овие јавни простори овозможуваат повеќе место за рекреација и апелира до граѓаните на одговорно користење на реквизитите и јавните добра во населбите.