Нето миграцијата и бројот на граѓани од Европската унија кои доаѓаат да живеат во Велика Британија останува на рекордно високо ниво, соопшти денес Канцеларијата за национална статистика.
Се проценува дека речиси 284.000 европски граѓани дошле во Британија до јуни, непосредно пред одржувањето на референдумот за излегување од Европската унија.
Оваа година во Велика Британија дошле вкупно 335.000 доселеници, од нив 189 илјади се од држави членки на ЕУ.
Како што се наведува во извештајот, Романците се 10 проценти од вкупниот број на доселеници.