Полицијата на Лаос заплени рекордна количина на дрога во регионот на Златниот триаголник, потврдија денеска два безбедносни извора на Тајланд, што, според Обединетите нации, досега е најголема поединешна заплена на дрога во Азија.
Повеќе од 55 милиони таблети метамфетамин и преку 1,5 тони кристален метамфетамин полицијата пронајде скриени во камион кој превезувал пиво, во северен Боке, град на границата со Тајланд и Мјанмар.
Џереми Даглас, регионалниот претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), рече дека ова откритие е „далеку најголема заплена во историјата на источна и југоисточна Азија“.
Златниот триаголник, како што ја нарекуваат областа на североисточен Мјанмар која се граничи со делови од Тајланд и Лаос, има долга историја како главна област за протизводство на дрога. Таа служи како голем производствен центар за стимуланси од видот на анфетамини, а посебно метамфетамини.