Припадници на АРМ од ренџерскиот баталјон од составот на полкот за спеецијални операции учествуваат на вежбата „Заеднички предизвик 2017 (Common Chalenge) во Црна Гора.
Ренџерите во изминатите денови во континуитет ги покажуваат своите сподсобности во совладување на тешко пристапен терен на полигонот за обука „липово“, информира Канцеларијата за одбоси со јавност на Генералштабот на АРМ.
Користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување, спасување повредени во тешки услови и користење хеликоптери за евакуација на повредени, се дел од активностите кои ренџерите на АРМ ги изведуваат заедно со припадниците на 24. Планински баталјон на вооружените сили на Австрија и припадниците на војската на Црна Гора.