Тихомир Костадинов и неговиот тим Пјаст Гливице вчера извојуваа значајна победа на тешкото гостување во Краков, во дуелот со Краковија.
Токму Костадинов во 44 минута во гостинскиот шеснаесетник извонредно со пета го проигра својот соиграч Дамиан Каѕиор кој од косо од околу 15 метри неодбранливо стрелаше во мрежата на домашниот голман.
Ова беше и конечниот резултат на натпреварот.
Костадинов уште еднаш покажа дека е во добра форма. Популарниот „Тихо“ станува стандарден првотимец на тимот на Пјаст и клучен играч во тимот од Гливице.
Македонскиот репрезентативец заради картони ќе го пропушти бараж натпреварот против Италија, но ќе биде во составот против Турција или Португалија.