Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува утре, но таа најверојатно ќе продолжи и во наредните денови.
Од Комисијата за заразни болести информираат дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки и следните седум дена.
Владата утре на седница ќе ја разгледа денеска донесената препорака од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на мерките за заштита од корона вирусот.
(Фото: МИА)