Близу 3,4 милиони евра или 210.420.000 денари државни пари ќе бидат потрошени за спроведувањето на референдумот за името.
Парите ќе бидат покриени од буџет, но ќе се прави прераспределба на средствата од министерствата и другите државни институции.
Вчера попладне собранието со 68 гласови „за“ ја донесе одлуката за распишување на референдум, кој ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен.
Референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?