Официјални лица денеска соопштија дека во близина на јужниот брег на Порторико денес е запленет кокаин вреден околу 48 милиони долари.
Американската царина и граничната служба пресретнаа брод којшто превезувал повеќе од 1.900 килограми дрога, јави агенцијата АП.
Ова е најголема ваква заплена во регионот во оваа тековна година.
Заради вмешаност во шверцот со дрогата полицијата уапси двајца мажи од Доминиканска Република, а по уште неколкумина се трага.