Владеачката романска Социјалдемократска партија (ПСД) која победи на парламентарните избори на 11 декември, именуваше министри во владата на мандатарот Сорен Гринденау и парламентот го потврди нивниот избор.
„Тоа е влада составена од луѓе со искуство, стручно знаење и работна етика потребна да се примени програмата на нашата влада“, изјави лидерот на ПСД, Ливиу Драгнеа.
Шевил Шајде која партијата првобитно ја именуваше за мандатар, што претседателот на Романија Клаус Иоанис ја одби, понудено и е место заменик на премиерот и министер за регионален развој.
За министер за надворешни работи именуван е седумдесет и петгодишниот Теодор Меласкану.
Меласкану беше министер за надворешни работи од 1992 до 1996 година, а неколку дена и во 2014-та.
Тој, исто така, беше на чело на романската надворешно разузнувачка агенција.
Во владата меѓу останатите ќе биде и долгогодишниот пратеник Виорел Стефан кој е на чело на Министерството за финансии, а за прв човек во Министерството за правда е назначен левичарскиот пратеник Флорин Иордаке.
За министер за труд предложена е Лиа Олгута Василеску, против која минатата година беше подигнато обвинение за корупција и злоупотреба на службената положба со цел за прибавување и перење пари.
Партијата на Гриндеану извојува убедлива победа на изборите на 11 декември и, заедно со коалицискиот партнер АЛДЕ, има 250 од вкупно 465 пратенички места во двата дома на парламентот.
Романскиот претседател Клаус Јоанис на 30 декември прифати на местото премиер да дојде Гриндеану, 43-годишен поранешен заменик градоначалник на Темишвар.
Претседателот Јоанис претходно го отфрли предлогот на левичарската Социјалдемократска партија да ја именува Шевил Шајде за мандатар за состав на новата влада.
Ако беше избрана, Шајде ќе беше првата жена премиер и прва муслиманка на таа позиција во Романија.
Шајде беше министерка за регионален развој шест месеци во 2015 година, а претходно во тоа министерство работеше од 2012 година.