Нов земјотрес денеска околу 15 часот ја погоди Романија, а поблаг потрес е почувствуван и во Белград.
Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на на сајтот на Сеизмолошкиот завод на Србија.
Епицентарот бил во близина на градот Таргу Жију во Романија, кај местото Лелешти.
Пред него е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала, додека околу 15.20 часот северозападно од Таргу Жију се регистрирани уште два земјотреси – едниот во градот Пештишани со јачина од 2 степени по Рихтер, а другиот во општина Рунку со јачина од 2,2.
Во текот на денот на територијата на Србија се забележани неколку помали земјотреси и тоа во Бор и Мајданпек, од кои најсилниот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.