Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман влегоа во најтесниот круг за најдобар фудбалер на светот во 2016 година, соопшти Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
ФИФА после шест години повторно самостојно го бира најдобриот после разидувањето со „Франс фудбал“ кој деделува Златна топка.
Половина од гласовите доделуваат селекторите и капитените на сите национални екипи, како и новинари од 200 редакции ширум светот, а другата половина ја сочинуваат гласови од навивачи во интернет анкета на сајтот на ФИФА.
Свеченоста на која ќе биде прогласен најдобриот, а Роналдо е апсолутен фаворит затоа што со Реал ја освои Лигата на шампиони, а со Португалија првенството на Европа, ќе се одржи на 9 јануари 2017 година во Цирих.