Здружението за производство на слатки (Асконд) очекува дека Русија ќе ја престигне Швајцарија во извоз на чоколади во 2021 година, соопштија од оваа руска организација.
„Рускиот извоз на чоколади и производи од чоколади во првиот квартал од оваа година се зголеми за 18,6 отсто. Со оглед на моменталната динамика на извоз, предвидуваме дека руските производители на чоколади до крајот а 2021 година ќе ги престигнат швајцарските производители“, се наведува во изјавата.
Според податоците на Меѓународната трговска статистика и агенцијата Комтрејд при Обединетите нации, која исто така се занимава со статистика поврзана со трговија, Русија била на 11 место во светот по извоз на чоколади.
Вредноста на извозот на чоколади била 729,2 милиони долари, а биле извезени 295.700 тони, додека Швајцарија била на 10 место, со 109.800 тони и 753 милиони долари приход.