Русија го зголеми данокот за извоз на пченица на 101,4 долари од 13 до 19 април, соопшти во руското Министерство за земјоделство.
Ова е првпат Русија да ја зголеми извозната царина на пченицата на над 100 долари, јавуваат медиумите.
Министерството, исто така, ја зголеми извозната такса и на јачменот и на пченката, на 75,4, односно на 70,6 долари по тон.
Според Александар Корбут, потпретседател на рускиот Сојуз за жито, извозните царини за житото најверојатно ќе растат.
(Фото: Танјуг)