Рускиот опозиционер Алексеј Навални којшто се наоѓа во затвор е во стабилна и задоволителна здравствена состојба, пренесува агенцијата Интерфакс.
Неговите соработници претходно изразија загриженост заради неговото здравје.
На Навални му бил направен лекарски преглед во затворот во Владимирскиот регион и неговата состојба е добра, соопшти регионалниот огранок на Руската федерална казнена служба, пренесува ТАСС.
Вчера пријателите на Навални рекоа дека се загрижени заради влошување на неговото здравје, а дека на неговите адвокати не им била дозволено да го посетат во затворот.