Под засега неразјаснети околности, во градот Елко во американската држава Невада се сруши авион „Пајпер ПА-31“ во кој, според тврдењето на градските власти, се наоѓале четири лица.
Според очевидци на трагедијата, авионот се срушил на паркинг и притоа предизвикал експлозија на паркираните автомобили.
На местото на настанот веднаш пристигнале противпожарни и полициски екипи и единици од Итна помош.
Во близина на местото на несреќата затворени се сообраќајниците и е забранет пристап, а дел од локалното население е евакуиран.