Тепмератури под нулата денеска се измерени речиси во целата држава, освен во Дојран каде беа измерени 2 степени целзиусови.
Најниска утринска температура е регистрирана во Берово, -9.
Во Тетово се измерени -8, во Битола Штип, крива Паланка, Дебар и во Демир Капија се измерени -7, -6 беше евидентирано во Прилеп, Маврово, на Зајчев рид во Скопје, Струмица и Куманово.
Со минусни температури утринава се и Виница, Крушево и Лазарополе, каде се измерени -5, а -4 во Ѓуриште,
Пожаране, Претор и во Охрид и -3 во Тополчани и Гевгелија.
Најзагадено утринава е во Скопје, кај Ректоратот, со концентрација од 215,18 милиграми на метар кубен ПМ10 честички.
Следат Гази Баба со 201,97, Лисиче 190,51, Центар 190,44 и Карпош со 112,86 мг/м3.
Во Кавадарци се измерени 150,99, во Битола 105,48, во Кичево 105,21, Тетово 131,59, Кочани 95,42 и Велес 64,03 мг/м3 ПМ10.