– Во тетовскиот регион само во ноември се бележат 1632 заболени од Ковид-19, додека за деветте останати месеци во периодот од февруари до октомври има 2187 заразени, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Од 1 до 30 ноември има вкупно 56 смртни случаи додека од февруари до октомври има вкупно 101 починат.
И бројот на хоспитализирани е најголем во ноември во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово.
-Заклучно со последниот ден на ноември имаме 47 лица кои се на болничко лекување. Триесетина се потешки случаи со постојана кислородна поддршка, додека останатите добиваат по потреба или периодично. Во средината на ноември имаше најмногу 51 човек на болничко лекување. Во периодот од февруари до октомври бројките на хоспитализирани варираа, но немаше колку сега во ноември, изјави Гзим Нуредини, координатор на ковид – центарот.
Во тетовскиот регион во текот на ноември најмалку заболени 11 се евидентирани на последниот ден од месецот додека најмногу 95 имало на 1 и 8 ноември. Најмногу починати, петмина дневно има на 2, 10 и 27 ноември.