„Вкупно 438 мерки се изречени на територија на град Скопје, од кои 43 се за возење без возачка дозвола“, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Девет мерки се изречени за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, а 27 санкции се за користење на мобилен телефон.
Исто така, изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 40 санкционирани пешаци, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска.
МВР информира дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.