Властите на Сан Марино одлучија да го обноват туризмот за вакцинација, нудејќи им на странците трета доза од руската вакцина „Спутник Лајт“ против корона вирусот, изјави денеска Франко Кавали од локалниот Институт за социјално осигурување.
„Владата на Сан Марино донесе одлука за обновување на туризмот за вакцинација. Така, странците ќе можат да добијат бустер доза на „Спутник Лајт“. Ќе дадеме информации за тоа може да се направи ова во наредните денови“, изјави Кавали за ТАС С.
Според неговите зборови, и покрај тоа што Спутник сè уште нема дозвола за употреба во Европската унија, дури 832 граѓани на Сан Марино, кој има нешто повеќе од 30.000 жители, решиле да добијат „Спутник Лајт“ како трета доза вакцина.
„Одредивме уште еден датум за ревакцинација – 4 февруари, и примивме неколку стотици барања“ рече Кавали.
Кога заврши националната кампања за вакцинација во Сан Марино, земјата почна да прима странски туристи кои беа подготвени да се вакцинираат со руската вакцина и за тоа да си платат.
Вкупно, околу 2.000 луѓе од различни земји беа вакцинирани со „Спутник Ве“.
Од 22 декември 2021 година, Сан Марино го користи „Спутник Лајт“ како засилувачка или „бустер“ вакцина.