Најмалку осум лица се повредени утринава во сообраќајна несреќа во Сараево, во населбата Хриб, кога минибус излета од патот и удри во зграда.
При излетувањето од патот, минибусот удрил во паркиран автомобил.
Несреќата се случила во раните утрински часови.
Во тек е полициска истрага за утврдување на причините што довеле до несреќата и за утврдување на висината на причинетата материјална штета.