Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт најави дека амбициите на неговата репрезентација се поголеми од самиот пласман во полуфиналето на ЕУРО2020 во кое в среда противник ќе ја има Данска.
Во разговор со британските новинари Саутгејт оцени дека е дојдено времето Англија да игра финале на меѓународната сцена, за прв пат по 1966 година.
„Интересно е тоа што сега нема да биде задоволни само со настап во полуфинале, додека пред три години на Мундијалот чувствувавме дека направивме исчекор со пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации, изјави Саутгејт.
Саутгејт додаде дека се задоволни од тоа што досега го постигнале на ова Европско првенство, но тоа не е доволно за целата екипа.
„Тоа е позитивен знак, кажа Саутгејт, најавувајќи победнички амбиции пред утрешната полуфинална пресметка со Данска, на „Вембли“ во Лондон.