Неколку нуклеарни објекти во Централна Русија денеска биле цел на сајбер напад, информираше секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Петрушев.
Според неговите зборови, во последните три години во Централниот федеративен округ се регистрирани повеќе од 11.500 опасни компјутерски напади, а оваа година нивниот раст нне премина 15 отсто.
„Меѓу објектите што се мета на напади се информациски ресурси на органите на власта и локалните самоуправи, фирми од областа на воената индустрија, енергетиката, вклучувајќи ја нуклеарната, исто така и образовни институции“, истакна Патрушев.
Тој посочи дека состојбата во сајбер просторот и понатаму е тешка, меѓу останатото и заради активности на странски разузнувачки служби.
Во Централна Русија се наоѓаат Калининската, Нововоронешката, Смоленската и Курската нуклеарна централа.