Скопје, 22 мај 2020
Социјадемократскиот сојуз на Македонија е одговорна и државотворна партија која била и останува на страната на интересите на граѓаните и
државата.
Потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот наесен, за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот.
Со нов легитимитет од граѓаните, политичка Влада и Собрание.
Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза.
СДСМ тоа нема да го дозволи.
СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби.
Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор е можен се додека трае вонредната состојба.
Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни.
СДСМ–Центар за комуникации со јавноста