„Христијан ‘математички лажго’ Мицковски денес повторно без грам срам излезе да ја лаже јавноста, потценувајќи го помнењето на граѓаните за се што направи ВМРО-ДПМНЕ и лично тој на штета и на грбот на граѓаните“, стои во соопштението што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го лиферуваше до медиумите.
СДСМ во соопштението наведе, како што велат, дел од лагите на Мицковски поткрепени со факти.
„Мицковски ги лажеше граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија, а цената на електричната енергија е намалена. Ги лажеше граѓаните дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија, а евтината тарифа на електричната енергија се врати и граѓаните имаат 15.000.000 евра на годишно ниво. Уште една лага на Мицковски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат, а тие денес не плаќаат нешто што не користат. Мицковски ги лажеше граѓаните и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија, цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 %, Мицковски ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија, а денес има либерализиран пазар на електрична енергија. Ги лажеше и вработените во РЕК Битола дека неможе да се врати мензата во РЕК, а денес РЕК има исхрана за вработените. Времето на Рајски градини, Ски скокалници и административни згради на ЕСМ се спомени од директорувањето на Мицковски и Груевски, а ЕСМ почнува со изградба на 10 МВ фотоволтаична централа во Осломеј“.
Од СДСМ го потсетуваат Мицкоски и на неговите лаги за инсистирање за „Руски Тек“ и сто отсто зависност од Русија и дека и денес лажел и не кажувал дека како директор на ЕЛЕМ во Јануари 2017 година, набавувал цена на електрична енергија за над 200 евра за 1 мега ват/час.
„Мицковски не кажува дека тој лично како советник на Груевски и член на Надзорен и Управен одбор на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 % на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит. Додека Мицковски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните“, стои во соопштението на социјалдемократите.