Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретаната, реагираше СДСМ преку соопштение.
„Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај. ‘Здраво, би сакал да се слушнеме‘ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО. Но, тоа време заврши. Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите. Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата ‘Тигар‘ и уште еден полициски службеник. Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело“, наведено е во партиското соопштение.