Масовното прислушување на граѓаните беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено со нивното заминување во опозиција, велат од СДСМ.
Нема повеќе незаконско прислушување на граѓаните и кршење на нивните права, човековите права и слободи се гарантирани и почитувани, а надлежните институции постапуваат во служба на законите.
Надлежните институции експресно реагираа, се истражува случајот со градоначалникот на Демир Хисар низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде сите одговори, вклучително и прашањето за евентуална одговорност.
Времето на неказнивост, протекционизам и селективна правда заврши со заминување од власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес Македонија е правна држава во која никој не e над законите и тие важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.