„Спрегата помеѓу антизападниот Христијан Мицкоски и криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излезе на површина. Јавноста дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник“, велат од СДСМ.
Од партијата се со став дека „Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера не одговори дали лицето Димитар Димовски, дел од сопствениците на „Енерготек“ компанија во која удел има и Хидро Мицкоски, е истиот Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не одговори дали е тоа истиот Димитар Димовски, државен советник во Министерството за транспорт и врски и десна рака на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денес е обвинет во неколку судски процеси. Од ден на ден станува се поочигледна спрегата помеѓу антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски“ – велат од СДСМ.