Скопје, 13 јули 2019
Ништо ново од антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски.
Човекот ниту има став ниту има идеја, нема програма, едно големо ништо.
Христијан Мицкоски е само глас на вистинскиот претседател на ВМРОДПМНЕ кој управува со партијата од Будимпешта, Никола Груевски.
Мицкоски ги потврди неговите фрустрации, не може да се помири со тоа што нашата татковина успеа со Зоран Заев!
За само 2 години, после 11 години загубени шанси за цели генерации, сега, со Зоран Заев, ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси: членство во НАТО и ЕУ!
Наместо упорно да го брани криминалот на режимот Мицкоски треба да честита за напредокот на земјава затоа што тоа е успех за сите наши граѓани.
Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните, затоа додека СДСМ е секојдневно меѓу граѓаните ВМРО-ДПМНЕ освен од белиот дворец ги нема никаде.
Јавноста знае, најавуваше Мицкоски протести и оваа година, па на крај неславно заврши со Јанко Бачев и компанија, осамен и без поддршка од граѓаните.
Што се однесува до предвремени избори, Мицкоски исто вака се силеше и пред претседателските избори, па ги загуби.
ВМРО ДПМНЕ ги загуби претседателските избори, а ги загуби и предвремените локални избори.
Граѓаните не сакаат криминал, уназадување, изолација, туку напредок, интеграција, економски раст и развој.
Оттука, бадијала се храбри, истото ќе се случи и на наредните избори, Мицкоски го чека нов пораз.
Република Северна Македонија продолжува напред!
Центар за комуникации со јавноста, СДСМ