Американскиот Сенат денес убедливо го надгласа ветото на Барак Обама за законот кој ќе овозможи подигнување тужба против Саудиска Арабија за терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Сенатот гласаше 97:1. Ова е прв ваков случај откако Обама ја превзеде должноста претседател на САД, а вкупно 111 во американската историја.
Претседателот на САД стави минатата недела вето на законот кој дозволува на семејствата на жртвите од терористичките напади во Њујорк да ја тужат Саудиска Арабија.
Обама предупреди дека овој закон би бил штетен по националните интереси на САД и дека го подрива националниот суверенитет.
Законот кој овозможува преживеаните и семејствата на жртвите да ја тужат Саудиска Арабија и бараат отштета е усвоен на петнаесетгодишнината од терористичките напади во кои загинаа 3.000 луѓе.