Фудбалерите на Наполи ја победија денес на гости екипата на Удинезе со 2:1, во натпревар од 13 коло од италијанската Серија А.
Двата гола за Наполи ги постигна Лоренцо Инсиња, и двата во второто полувреме, првиот во 47-ма, а вториот во 57-ма минута.
Единствениот погодок за Удинезе го постигна Стипе Перица во 59 минута.
Екипата на Наполи со оваа победа ја прекина серијата од два натпревари без победа, четврта е на табелата од Серија А со 24 бодови.
Удинезе е во втората половина од табелата, на 14 место, со 15 бодови.
Во следното коло Наполи го дочекува Сасуоло, а Удинезе оди во гости кај Каљари.