Демохристијаните и социјалдемократите, кои во Германија го сочинуваат владејачкото мнозинство, доживеаја тежок пораз на покраинските избори во Баварија. Според анкетите, на вчерашните избори Демохристијанската опција освоила 35,5% од гласовите, што е најслаб резултат во последните 60 години!
Социјалдемократите пак, на своето конто запишале само 10% од гласовите, што е нивен рекорден неуспех.
Втора по сила е партијата на Зелените, која со 18% од гласовите освои речиси двојно повеќе гласови од претходните избори.
Според ваквите резултати на ЦСУ ќе ѝ треба коалициски партнер ако сака да продолжи да владее со најголемата германска покраина. Засега најсериозна опција, според досегашниот баварски премиер, Маркус Зедер, би била коалиција со Слободните избирачи.
Овој пораз во Баварија се смета за тежок удар за канцеларката и претседателка на Христијанско-демократската унија, Ангела Меркел.