Министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција во Владата најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари. Тој вели дека станува збор за реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот.
„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкуптноо население”, рече Тевдовски.
Освен оваа промена, тој најави зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно.
,,Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата”, истакна министерот за финансии.