Џејсон Милер, кого новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот го именуваше за директор за комуникации со Белата куќа, денес се откажа од понудената функција наведувајќи дека сака повеќе време да му посвети на семејството.
„Откако една недела проведов со семејството, што е најдолг период од март 2015 година, јасно ми е дека приоритет треба да биде семејството. Не е моментот да ја прифатам оваа работа “, рече Милер.
Трамп во четвртокот го соопшти списокот на екипата за комуникации со Милер на чело.
Таа функција сега ќе ја извршува Шон Спајсер, кој е актуелен портпарол на американскиот милијардер.
Ёпред да и се придружи на екипата на Трамп во предизборната кампања, Милер беше советник на Тед Круз, партискиот ривал на новиот претседател.