Најмалку 30 луѓе загинаа откако на Божик се преврте брод на езерото Алберт во Уганда.
Официјални лица соопштија дека најмалку девет лица се удавија, а повеќе од 20 се водат како исчезнати после несреќата.
Во полициското соопштение се неведува декља 15 ја преживеале несреќата.
Во рибарскиот брод се наоѓале 45 членови на локалниот фудбалски тим и нивни навивачи, изјави окружниот полициски командант Џон Рутангира.
Според неговите зборови, спасувачите до сега пронајдоа девет тела.
Бродот станал нестабилен поради преголемиот број на патници и се превртел на една страна.