„Адриа Ервејс“ денеска објави повик за прибирање на понуди за превземање на фирмата. Необврзувачките понуди се очекуваат до 10 ноември.
„Со прибирањето на понудите сакам да видам колкав е интересот на потенцијалните купувачи“, изјави за медиумите Јанез Пустатичник, стечаен управник на словенечкиот авиопревозник.
Имотот на авиокомпанијата која претходно ги продаде сите авиони што еа нејзина сопственост, вклучува земјиште на кое се наоѓа управната зграда и правото на изградба, трговски побарувања, резервни делови за авиони, опрема и два мали стана во Љубљана.
Сеуште не е напоравена проценка на сопственоста затоа што, меѓу останатото, сеуште нема податоци од катастарот. Според прелиминарните податоци, вредноста на хипотекарното земјиште и правото на изградба може да биде околу пет милиони евра, а до сега пријавените побарувања изнесуваат околу еден милион евра.
Од понеделникот на вработените им се делат отказни решенија. Од 550 колку што се на списокот, на 480 до сега им се врачени откази.
Окружниот суд во Крањ на 2 октомври покрена стечајна постапка за словенечката авио компанија која државата во 2016 година му ја продаде на германскиот финансиски фонд 4К. Предлогот за стечај го даде управата на фирмата, поради нејзината неликвидност.