Едно лице загина, а три се потешко поврдени во силниот земјотрес што синоќа ја погоди Босна и Херцеговина, чиј епицентар бил близу Мостар.
Потресот бил регистриран во 23.08 часот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван во поголемиот дел од БиХ, а се тресеше тлото и во земјите од регионот.
Во некои делови на БиХ дошло до прекин на електричната енергија, а оштетени се и фасадите на некои згради.
Дваесет и седумгодишната Елмира Сефо загина, додека нејзините родители и сестра се повредени, кога во Столац, како резултат од потресот, врз нивната куќа се срушила голема карпа.
Во последните пет часа Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) забележа четири силни земјотреси во Босна и Херцеговина.
Пред пет часа е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала на 31 километар југоисточно од Мостар, а нешто помалку од еден час сеизолозите забележа уште посилен земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер на 35 километри југоисточно од Мостар и пет километри источно на Столац.
ЕМСЦ извести и за земјотреси со јачина од 3,5 степени, на 49 километри југоисточно од Мостар и четири километри североисточно од Столац.
Последниот земјотрес е регистриран со јачина од 3,1 степени, на 34 километри од градот на Неретва и 16 километри од Столац.