Горан Ангелов, лицето кое упадна со толпата во Собранието, по што беа повредени пратеници, новинари и сниматели бара за нив амнестија од Ѓорге Иванов.
„Граѓанска иницијатива до претседателот на РМ Ѓорге Иванов! Претседателе, ние народот на Р.Македонија, бараме да ги амнестирате и ослободите од сите судски прогони сите патриотски и родољубиви граѓани кои влегоа во Собранието да го спречат државниот удар и растурањето на сопствената татковина Македонија.
Вашиот народ“, напиша Горан Ангелов на својот Фејсбук профил.