Австралиски матурант, бегалец од Сирија, заврши гимназија со најдобри оценки само две години откако почнал да учи англиски.
Сааб ел Касаб, освои 96,65 од можни 100 поени на приемниот испит за колеџ, а едно од најголемите католички средни училишта во земјата го заврши како ученик на генерацијата.
Ел Касаб вели дека во училиштето, по доаѓањето во Австралија во јуни 2014, му било тешко зошто не знаел англиски.
Денес планира да студира медицина и понудена му е стипендија за колеџ.