Се е снимено. Вучиќ не ја брани Србија од македонско сценарио, тој применува македонско сценарио. Погледнете на кој начин победи на изборите
Клипот којшто се појави во јавноста на кој може да се види начинот на кој Александар Вучиќ дојде до победата, ги собори сите рекорди на гледаност и потполно ја запали интернет мрежата.
Начинот на кој Александар Вучиќ стасува до гласовите на граѓаните многу потсетува на стилот што беше применуван во Македонија.
Оттука многумина со право велат дека Вучиќ во Србија организирал избори по „македонски терк“.
https://www.youtube.com/watch?v=kSUxM4n5rkM&feature=youtu.be
Поткрепа на информациите дека на претседателските избори кај северниот сосед има многу нерегуларности, заради што низ целата држава се одржуваат протести, е и случајот со дваесет и тригодишниот Ѓорѓе Митровиќ од Лесковац кој се вратил од Словенија, каде што е на времена работа за, како што изјавил, прв пат во својот живот да гласа на избори.
Но, кога се појавил на избирачкото место, останал без зборови.
Имено, како што тврди ова момче, некој веќе гласал наместо него.
Потврда за овој инцидент медиумите добиле и од членовите на набљудувачката мисија.