Акциите на Волстрит вчера пораснаа, додека во Европа забележаа различни резултати.
Францускиот индекс КАК 40 во попладневните часови порасна за 0,2 отсто, германскиот ДАКС за 0,1 отсто, додека британскиот ФТСЕ падна за 0,1 отсто, пренесува агенцијата АП.
Во САД, широкиот индекс С&П 500 скокна за 0,2 отсто, на 2.815 поени, индустрискиот Дау Џонс за 20 поени, на 26.094 поени, а технолошкиот Насдак за 0,4 отсто, на 7.368 поени.
Доларот скокна на 110,86 јени, од 110,60 јени од петокот, а еврото на 1,2242 долари, од 1,2234 долари.
Американската „лесна“ нафта поскапе за 13 центи, на 63,50 долари за барел во Њујорк, а северноморската „брент“ за 19 центи, на 68,80 долари за барел на берзата во Лондон.
Во Азија, токискиот индекс Никеи порасна за помалку од 0,1 отсто, а хонгкошкиот Ханг Сенг за 0,4 отсто.