Почетокот на неделата донесе исклучително скромен обем на инвестициските активности на белградската берза, без промена на вредноста на БЕЛЕКС-15.
Вкупниот промет во тргувањето изнесуваше 8,1 милион динари (околу 66 илјади евра).
Индексот БЕЛЕКС-15 остана на ниво од 636,28 поени, а БЕЛЕКС-лајн забележа минимална негативна корекција од 0,04 отсто.
Нафтената индустрија на Србија беше најпрометна акција со реализација од 2,7 милиони динари, по просечна цена од 600 динари, што претставува раст од 1,7 отсто во однос на тргувањето во петокот, минатата недела.
Солиден промет од 2,5 милиони динари регистрираше и градежната компанија Енергопроект холдинг.
Акциите на аеродромот „Никола Тесла“ бележат пад од 2,2 проценти и се тргуваа за 1.036 динари. Оваа компанија вчера информираше дека во септември повторно реализирала рекорден број на патници со раст на годишно ниво од 6,0 отсто.
Странските инвеститори на Белградската берза реализираа 30,63 отсто од тргувањата со акциите, со учество во купувањето од 28,33 проценти, а во продажбата со 32,92 отсто.