Уметничкото дело „Жена која седи близу прозорец“ од Пабло Пикасо е продадено за 103,4 милиони долари на аукција организирана во Њујорк.
Платното насликано во 1932 година, продадено е после повече од 19 минути борба меѓу колекционерите.
Делото кое ја претставува љубовницата на Пикасо, неговата муза Марија Тереза Валтер, речиси го дуплираше износот од почетната проценка која ја пружи аукциската куќа, а која изнесуваше 55 милиони долари.
Продажбата ја потврдува виталноста на уметничкиот пазар, кој, се чини, нема последици од пандемијата, но и посебниот статус на Пикасо.
Истата слика продавачот ја купи пред само осум години на продажба во Лондон за 28,6 милиони фунти, или околу 44,8 милиони долари.
Пет дела на шпанскиот сликар сега го премина прагот од 100 милиони долари, а најскапа е „Les femmes d’Alger“, која го држи рекордот со 179,4 милиони долари, а е продадена во мај 2015 година.
Само 14 слики во историјата преминаа 100 милиони долари на аукција. Освен Пикасо, италијанскиот уметник Амедео Модиглиани е единствен на пописот со повеќе од едно дело.